You must need to login..!
Опис
Апсолутно нема потреба од отварање или измени на Уставот во овој момент во таа смисла тоа значи дека апсолутно отфрлено е укажувањето на една политичка партија… Во однос на резолуцијата која што преку вас медиумите се информиравме дека ВМРО – ДПМНЕ ќе ја поднесува апсолутно се уште нема правно – формално ништо доставено до Собрание, до пратениците.

Од она што можевме да го видиме преку медиумите во делот на текстот за нас е прифатлив. Иако за нас ставовите се веќе познати и за домашната и за меѓународната јавност дека црвените линии се јасно поставени… Разговори околу македонскиот идентитет и македонскиот јазик немало, нема ниту ќе имаво иднина.

Дополнително доколку на Христијан Мицкоски и на ВМРО – ДПМНЕ им треба некаква гаранција нека го достават предлогот во Собрание секако согласно Уставот ние ќе ја прифатиме, тоа е нашиот став… Ќе повторам во НАТО влеговме како Македонци, кои што зборуваат македонски јазик, тоа ќе биде исто и со ЕУ, изјави во УБ пратеникот од редовите на СДСМ и портпарол на партијата, Костадин Костадинов.
Интегралниот разговор со Костадинов погледнете го во видеото