(Косово)- КОВИД 19, политичка криза и конфликт САД-ЕУ

You must need to login..!

Опис

Состојбата во Косово будно се следи во целиот регион. Покрај здравствена кај нашиот сосед се создава и политичка криза. Албин Курти не го преживеа гласањето за доверба.

Состојбата во Косово и прогнозите што ќе се случува наредните денови за Утрински брифинг ги кометираше аналитичарот Илир Ајдини.

Она што се очекува да се случи во Косово не интересира сите. Владата на Курти ќе продолжува да дејствува како влада во оставка до создавање услови за форемирање на нова влада.

Мислам дека нема многу да се доцни имајќи го предвид фактот дека тие што ја урнаа владата на Курти избрзаа, осносно не ги послушаа советите на Европа. И претседателот Тачи најави дека ќе ги започне консултациите за формирање на нова Влада. Од Самоопределување инсистираат дека повторно треба да му се даде можност повторно на Курти, изјави Ајдини.

За моменталната светска тема број 1 – Коронавирусот и фокусот на косовските власти за справување со оваа пандемија Ајдини вели дека за среќа тамошните власти не се дефокусираа од борбата за справување со КОВИД-19.

Се следи ситуацијата, се преземаат дејствија. Сите се прашуваме зошто во ова време требаше да се создаде оваа политичка криза. Не знам толчно, но како да сакаат да го дисциплинираат во извесна смисла Курти.

Специјалниот пратеник на Трамп инсистира веднаш да се реши проблемот со таксата со Србија како услов за почнување на процес за наѓање на конечно решение на проблемот на Косово – Србија.

Курти донесе одлуки кои треба да доведат до укинувае на таксата.

Тој ја укина таксата на увозот на суровини и очекува некаков одговор од Белград што би подразбирало прекинувае на онаа жестока анти-косовска кампања. Најави и дека од 1 јули доколку има расположение од Белград да соработува тој ќе ја укине 100%. Но во исто време најави и реципроцитет во смисла на – како ќе се однесува Србија кон нас, така и ние кон неа.

Тука морам да спомнам и дека во обраќањето на Курти, тој изјави дека зад неговото уривање стои Тачи, заедно со Ричард Гренел и Александар Вучиќ, кои инсистираат за размена на територии како решение, на кое што тој се спротивставува.

Тука е и судирот САД – ЕУ. Имаме една жестока борба околу иницијатива за разрешување на Курти. Од една страна секојдневни апели на ЕУ да не се менува владата, а од друга страна американскиот амбасадор со инсистирање дека тоа е демократија и дека мора да се прави.Излезе на површина еден отворен конфликт меѓу Вашингтон и Брисел, додаде Ајдини.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 + 3 =