🎥📞 Корумпирано судство – адвокатите како продложена рака – разговор со адвокатот Главинче

You must need to login..!

Опис

16 јуни – Денот на македонската адвокатура е датум кој што заслужува почит. На овој ден во 1945 година, Министерскиот совет на Демократска Федеративна Македонија, по предлог на тогашниот министер за правосудството д-р Павел Шатев, ја создаде Скопската адвокатска комора со надлежност за територијата на Федерална Македонија.

Нашата Адвокатската заедница Битола непрекинато го одбележува овој ден. Овој повод, кој не смее да остане незабележан, адвокатите од Битола го одбележаа преку полагање на свежо цвеќе пред бистите на адвокатските приправници и учесници во НОБ.

Поклонувајќи се пред бистите на првоборците, се поклонуваме на нивната жртва да ги подарат животите за нашата слобода, со што ни овозможија во самостојна и слободна држава да ги оствариме идеалите за правда, еднаквост и правичност. Поклонувајќи се на нивните бисти им оддаваме почит и на сите адвокати кои се поклонувале пред нив, а кои за жал не се повеќе помеѓу нас, изразувајќи восхит за нивното дело, посветеност и резултати во активностите за развој на адвокатурата. Тие го подариле своето знаење и голем дел од своето време за општото добро, изјави за Утрински брифинг адвокатот, Никола Главинче.

Корумпирано судство – адвокатите како продложена рака?

-Потценета е улогата на адвокаттие од два спекти. Правиот аспект е оптата перцепција бна јавноста преку донесување на некои генерални заклучоци, кои најчесто се извлекуваат од индивидуални неморални однесувања на поединци за кои се уште не постои ефикасен систем на санкционирање, изолирање во тој адвокатски круг.

-Вториот аспект е перцепцијата кои адвокатите ја имаат сами за себе. Оние адвокати, пред 50-60 години кои важеле за авторитети и се рамнеле и по статус и по приход најчесто со тогашните апелациони, врховни судови, биле личности кои во себе носеле длабоки морални вредности, стекнати пред се во средината која опстојувале, но и едуцирале.

-Во Битола тој период а и многу претходно најголем дел од адвокатите завршиле правен факултет во Загреб, Белград, Љубљана, па дури имаме и во Сорбона. Тие со себе носеле вредности кои биле нетипични во овие средини, а го прогресирале начинот на мислење, вели Главинче и додава дека со процесот на транзиција, голем дел од правниците кои останаа без работа, својата иднина ја пронаоѓаат во адвокатурата и начинот на нивното размислување бил масовен фактор кој придонел за претопување на тие вредности и во прв план исфрлање на мотивот на заработката или имотната корист од вршење на адвокатската дејност.

-Ние последниве години го потенцираме принципот на независност на судството, но го забораваме принципот на непристрасност, кој е многу позначаен од принципот на независност, бидејќи еден непристрасен судија по автоматизам е и независен судија. Релациите адвокати, судии, обвинители без разлика дали се употребуваат или злоупотребуваат во адвокатската дејност кој предизвикуваат сомнеж во граѓанството, кој сомнеж адвокатот со својот интегритет, порфесионалност и стручно однесување треба го деманатира во судската сала и своите поднесоци. Не можам да прифатам адвокати да ја промовориаат својата фирма како резултат на некаков однос или контакт со судот. Адвокатот својата основна вредност треба да ј има во своето знаење, стручност и храброст, додава Главинче.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 − 3 =