Корона вирусот ги „тресе“ светските финансиски пазари

You must need to login..!

Опис

Корона вирусот се заканува да стане пандемија на светско ниво и опасност за здравјето на луѓето. Но покрај здравството, еден аспект од Корона вирусот веќе ги дава нус ефектите. Блумберг објави дека почна падот на увозот на нафта во Кина, која увезува колку 5-6 најголеми членки на Европската Унија.

Веројатно се наоѓаме во период кога силно ја живеееме глобализацијата и таа со нејзе донесе измешани чувство.

Финансиските пазари пред се ги движат емоциите и во овие услови кога медицината не знае точно со што се соочува, ние во финансиите сакаме да го знаеме исходот од тоа. Последните неколку епизоди кога имаше причини за пандемија на разни вируси имаше огромни промени на финансиските пазари, но веднаш потоа имаше и стабилизирање. Вториот елемент околу измешаните чувства е тоа што Кина денеска е втора најголема економија во светот.

Во последните епизоди – САРС, Свинскиот грип, Ебола и Зика имаше слични падови на финасиските пазари. Но три месеци после тоа ние забележавме до 35% корекција. Што значи дека кога ќе се стабилизираат емоциите околу Корона ќе има корекции.

извор: Блумберг

Теоријата на „Црн лебед“ во финансиите објаснува дека еден голем и неповолен настан силно влијае врз цените на финасиските пазари. Таков беше и случајот со убиството на генералот во Иран.

И на крајот она што СЗО го вели: Подобро денеска да реагираме премногу, отколку во иднина да заклучиме дека сме реагирале преслабо. Исто е и кај финансиите и економијата, изјави за Утрински брифинг, проф. Кирил Јовановски што е она што како „Корона вирус“ може да ги стресе финансиските пазари и економската размена.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 − 3 =