Кордалов: Борбата со лажните вести подразбира сеопфатен фронт, вклучување на сите граѓани и институции

You must need to login..!

Опис

Добро е луѓето осознаваат нови платформи, кои користат во секојдневното функционирање. Втората придобивка е дигиталната писменост и начинот на кој што треба правилно да ги користиме и ползуваме придобивките на новите медиуми, а не да бидеме робови ние на нив, и тоа е нешто на кое што секој индивидуално треба да работи. Според многу истражувања има многу простор како да се користат за напредок во секоја сфера, изјави за Утрински брифинг Бојан Кордалов, комуниколог и експерт за нови медиуми.

Дигиталните канали во овие десет месеци се најголемиот прозорец во светот. Имаме пријатели, роднини кои што се надвор од земјава и со кои што нашите намери за наше почесто гледање оваа година се променија. Дигиталните алатки ни овозможија да останеме во виртуелен, но сепак близок контакт. Истото е и со образованието. Така што мислам дека онлајн алатките, новите медиуми генерално, во оваа пандемија ја покажаа нивната вистинска и позитивна улога, смета Кордалов.

Теориите на заговор или лажните вести во својата суштина имаат сензационализам и откривваат нешто кое што навидум дотогаш не било откриено. Мора да потенцираме дека тие не се појавија ниту со пандемијата, ниту со појавата на интернетот. Сега се многу погледливи и со појавата на интернетот една информација може да го заобиколи светот за неколку секунди и тоа е нешто кое што ризикот од теориите на заговор го прави голем, вели Кордалов.

Морам да потенцирам дека она се што сме го пропуштиле со децении да вложуваме, секој од нас како граѓани, во образование, култура, во еднаков пристап до услуги, во еднаков пристап до водовод итн.. сега се одразува да имаме различно ниво на перцепција на работите и мислам дека е крајно време наместо исмејување и етикетирање на луѓето, независно во што веруваат, треба да извлечеме поуки. Таквите пропусти правени со децении неможе да се надминат во еден ден или година, но треба да се вложи во иднината, смета Кордалов.

Целиот разговор со Кордалов погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

fourteen + 20 =