Коневски: Телевизии и портали се под директна контрола на Мицкоски – цел сме на секојдневни притисоци и шиканирања

You must need to login..!

Опис

Немаме пристап на Алфа ТВ да ги искажеме своите ставови, ниту на порталите во кои верував до пред некое време. Тие се целосно контролирани од Мицкоски и жално е што не можеме да ги соочиме ставовите на еден проопозициски медиум. За таква дебата сме спремни во секое време. Но таму немаме пристап, еднонасочни се емиите, во смисла на интересот на Мицкоски, а ако гледаме подалеку тоа е против интересите на ВМРО-ДПМНЕ.

Имаме притисоци преку социјалните мрежи, најчесто од блиски луѓе на Мицкоски. За мене ова е ненормално – се труе граѓанството. На овој начин и на локалните избори во 2017 година се служеше сегашната власт. Не се бираат средства. Таа црна кампања штети на целото оппштество и долгорочно и прави штета на целата држава, додава Коневски.

Во сабота ќе правиме промоција на слоганот на Конгресот. Се надевам дека после тоа ќе се пријават повеќе кандидати за ова место (претседателско). Најсреќен ќе бидам доколку избереме претседател на партијата за кој што ќе гласа целото членство, вели Коневски и додава дека постои можност и да се избере колективно претседателство кое во одреден рок ќе го смени статуот и потоа на редовен конгрес целото членство да го избере претседателот.

Целиот разговор со Ивица Коневски погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 + fifteen =