Комунална хигиена: Употребените маски ставете ги во ќеса пред да ги фрлите во контејнер

You must need to login..!

Опис

Откако носењето на заштитни маски е задолжително и на отворено, значително се зголеми обемот на отпад од заштитни маски кои се фрлаат во контејнерите и корпите за отпад. Проблемот е во тоа што маските кои можеби се заразни се фрлаат незаштитени, и претставуваат ризик за вработените во ЈП „комунална хигиена“. Портпаролката на претпријатието Ана Марија Бранѓолица денеска во Утрински брифинг апелираше за посовесно постапување на овој вид отпад.

-Се генерира огромно количество на отпад од заштитна опрема. Овој отпад не може да биде медицински отпад бидејќи не го произведуваат медицинските установи, туку самите граѓани и спаѓа во комунален отпад, за чие собирање и транспорт се грижи комуналното претпријатие. Би сакале да апелираме граѓаните слободно да ги одлагаат заштитните маски во кантите за отпад и контејнерите, но пред тоа да бидат заштитени во две ќеси, за да не дојдат во контакт со вработените. Ваквиот начин на одлагање на овој тип на отпад е по препорака на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, вели Бранѓолица.

ЈП „Комунална хигиена“ нема ингеренции да казнува за прекршување на Законот за јавна чистота. Такви ингеренции имаат само инспекциските служби во општините и во Град Скопје. За секое одлагање на било каков отпад надвор од означеното место за отпад следува санкција. Во текот на изминатиот викенд повторно имаше инцидент со опожарување на контејнери, но како што вели Бранѓолица, трендот на палење на садовите се намели во измиантиот период. -Билансот за годинава е 50 запалени контејнери од кои 13 се од новите. Немаме информации ниту за мотивите ниту за сторителите, ние ги пријавуваме инцидентите во полиција, и понатаму не знаме како се одвиварасветлувањето на случаит со опожарување на контејнерите, рече портпаролката на Комунална хигиена и додаде дека започна поставување на нови контејнери на повеќе локации во Скопје.

-Контејнерите имаат зафатнина од 3,2 кубни метри До сега сепоставени 370 контејнери на 200 локации низ сите скопски општини. Изминатите десет дена се поставуваа во Аеродром, а во претстојниот период ќе се поставуваат во Кислеа Вода, Гази Баба и Чаир.Ги прилагодивме и микро локациите бидејќи старите контејнери беа со помала зафатнин, рече Бранѓолица. Центрите за селекција на отпад во Вардариште и во Карпош и понатаму функционираат. Граѓаните можат со сопствен превоз да го однесат таму кабастиот мебел и електричниот отпад и бесплатно да го одложат, или да ангажираат превоз од претпријатието, услуга што се наплатува, и екипата на Комунална хигиена го носи отпадот до соодветната локација.

-Новина е тоа што нудиме можност нашите вработени да го изнесат отпадот од домот на граѓаните. Услугата се наплатува според ценовник донесен од страна на советот на Град Скопје. Заинтересираните можат да се јават на бесплатниот телефонски број 0800 222 33 и да договорат соработка со пртпријатието, рече портпаролката на „Комунална хигиена“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five + eleven =