Компаниите бараат консалтинг услуги за да преживеат

You must need to login..!

Опис

Данчо Димков претседател на Асоцијацијата на менаџмент консултанти и МКА 2000, во разговор за Утрински брифинг вели дека ковид кризата има големо влијание врз работењето на фирмите, и ако порано се барале консултантски услуги за прогрес на компаниите, денес веќе тоа е сведено на барање спас и начин за опстанок.

-Компаниите имаат потреба од консултанти, сепак некои одлучуваат да не ангажираат менаџмент консултанти а со тоа прават грешки од кои учат. Тоа е потешкиот пат за успех. Ако консултантот може да помогне да се добијат нови пазари кои би ги дуплирале приходите на една фирма, тогаш е занемарлива цената на консултантската услуга, смета Димков.

Тој нагласува дека во време на економска криза компаниите имаат најголема потреба од консултантски услуги.

-Буџетите на компаниите се значитело намалени, а за да се ангажира консултатнт потребни се средства. Ние како консултанти тоа го разбираме и се обидуваме колку што е можно повеќе да покажеме етика при работењето и да им излеземе во пресрет. Ако порано компаниите бараа совети за да напредуваат, сега разликата е во тоа што бараат совети за да опстанат, вели Димков.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 + 13 =