Колку е феминизмот потребен

You must need to login..!

Опис

Аферата „Јавна соба“ го отвори прашањето го отвори прашањето колку е феминизмот потребен и секогаш актуелното – жените се секогаш жртви?

Мислам дека е важно „Јавна соба“ да се разгледува од феминистичка перспектива. Изоставуваше да се именува дека ова е проблем на родово – базирано насилство. Ова во Утрински брифинг го изјави, Калиа Димитрова, активистка за женски права, зборувајќи и колку е потребен феминизмот како „алатка“ за помош.

„Јавна соба“ е симптом на едно болно општество кое не презема соодветни чекори за да го именува, адресира и решава врсничкото и родово-базираното насилство. Тоа денес во голема мера се случува онлајн, а некогаш се јавува во вакви форми, односно порно за одмазда, „creep shots“, уцени со експлицитни фотографии и видеа, итн.

Воопшто не ме изненадува дека вината и во овој случај се префрла на жртвите. Затоа изјави од типот „Што барала да се слика гола“ има на претек на социјалните мрежи. 

Ова е проблем на сексуално и родово-базирано вознемирување и насилство. Корените се наоѓаат во родовите стереотипи, ревиктимизацијата, неказнувањето на сексуалните насилници и предатори и ред други општествени „традиции“ кои мора да се решаваат сеопфатно во сите надлежни институции, во семејствата и секако училиштата.

Не можеме да ги заштитиме девојчињата, доколку ова го гледаме како изолиран случај или како интернет феномен. Брзо решение нема. Но за почеток, може да ги учиме момчињата дека женските тела не постојат за нивна забава и задоволство. Можеме да ги учиме младите за сексуалноста, наместо да го игнорираме фактот дека се сексуални битија.

Можеме да ги учиме момчињата дека кога ќе добијат фотографија од девојка, не смеат да ја споделуваат со своите другари. Можеме да ги учиме младите дека родово-базираното и сексуалното вознемирување и насилство во оваа држава се казниви.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 + sixteen =