Колемишевски за УБ: Пазарниот инспекторат уште денес ќе се спротистави на „воените профитери“ кои ги поскапеа цените поради Корона

You must need to login..!

Опис

Во Македонија нема опасност од снабдување продукти кои изминативе денови граѓаните масовно ги купија од македонските маркети. Државниот пазарен инспекторат ќе направи проверка дали трговците профитираат зголемувајќи ги цените на одредени продукти кои граѓаните ги бараат од страв.

Ова се дел од одговорите на заменикот министер за економија, Кирил Колемишевски.

Истовремено тој упати смирувачи пораки во однос на корона вирусот, при денешното гостување во Утрински брифинг.

„Не би рекол дека во наредниот период ќе има опасност од снабдување. Ми беше смешно купувањето како да ќе почне војна. Постои опасност од вирусот, читаме еден куп лажни вести кои трагаат по сензационализми. Им препорачувам на граѓаните да читаат вести од проверени извори како Светската здравствена организација или од Министерството за здравство, а ако не веруваат во овие институции, има други странски медиуми кои се релевантни и кои информираат врз база на докази и факти. А трговците секогаш работат за профит. И кога беше поплавата во Стајковци, одредени маркети за преку 300 посто ја покачија сумата на гумени чизми. Јас таквите трговци ги нарекувам воени профитери, тоа е крајно себично и некоректно. Ја користат паниката која владее кај народот без разлика како е дојдено до тоа. Хируршките маски кои се продаваат во аптеките не ни помагаат при овој вирус“, вели меѓу другото Колемишевски.

Заменик-министерот  ургираше дека доколку се покажат како вистинити информациите дека се поскапени продуктите, Државниот пазарен инспекторат ќе ургира на терен.

Дека корона-вирусот ќе влијае на светската економија е факт, но според Колемишевски, во Македонија, стабилен е финансискиот сектор.

„Компаниите во Македонија од чевларската и кожарската индустрија кои извезуваат за Италија најавија дека нарачките ќе им бидат запрени. Зависи тоа и дали Италија ќе влезе во рецесија и ќе ги намали нарачките. Другиот проблем е што македонските компании увезуваат од Кина. Очекувам застој, бидејќи и самиот транспорт од Кина кон останатиот дел од светот е силно погоден. Но рано е за апокалиптични сценарија. Не е потребна паника бидејќи економскиот дел, барем за Македонија, која не е толку поврзана во светските текови, добро поминавме во 2008 кога беше светската економска криза. Се покажа дека имаме стабилен банкарски систем и очекувам Меѓународната банка, Владата и стопанствениците да седнат и заедно да најдат решение за последиците кои ги очекуваме“, вели Колемишевски.

Власта очекува удар врз туризмот во државава.

Со цел да се оттргне паниката, заменик-министерот напоменува дека соодносот на бројките на заболени и починати од корона е драстичен. Бројките велат дека вирусот нема брза смртоносна стапка.

„Сигурно дека ќе има последица и дека туризмот ќе се намали. Никој не сака да ризикува не само за патување надвор, туку и тука, базирани на стравот, луѓето помалку излегуваат во ресторани, натпревари или други големи собири. Да ви укажам на некои податоци: 82.446 од кои 2000 починале а излечени се над 33.000 лица. Бројките велат дека има нови случаи но дека поголема е бројката на излечени. Смртноста е мала…“, вели Колемишевски меѓу другото.

Во однос на движењата на берзите, Колемишевски констатира дека секоја криза е шанса за огромно профитирање на берза.

„На странските берзи има опција да позајмите акции од брокер и да ги продавате истиот ден и после некое време кога ќе падне нивната вредност, со истите пари се купуваат истите акции поевтино. Во Македонија не може да се заработи на тој начин ама на светските берзи некој во моментов многу профитира, милијарди или евра. Македонската берза во моментов е многу стабилна. Македонските водечки компании засега не се во криза“, тврди Колемишевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eleven − six =