🎥 Колев: Нашата цел е понормален и подостоинствен живот – лицемерие е коалицирање заради загарантирани пратенички места

You must need to login..!

Опис

-Кога ја создававме ГДУ ја насочивме нашата цел, да ја предивикаме јавноста и особено оној критичен дел од јавноста кој не е задоволен од начинот по кој што се развива нашето општество. Не за да се расправаме , туку да се натпреваруваме со конкретни идеи за тоа кои сегменти во општеството треба да ги поправаме со цел да имаме понормален и подостоинствен живот, изјави лидерот на ГДУ, Петар Колев.

Предизборно коалицирање, отворени изборни листи

-Како да го критикуваме овој политички систем и изборен модел и овој начин на избирање на пратеници, ако ние дадеме личен пример во кој што влегуваме во коалиција заради загарантирани претставници во парламентот. Тоа е политичко лицемерие. Бидејќи не сакаме да бидеме политички лицемери и за да може отворено да зборуваме дека овој изборен модел и политички систем е тотално згрешен останавме доследни на нашите политички позиции, а тоа е дека овој модел е нефункционален и непрагматичен, туку неговиот краен резултат е една тотално нефункционална претставничка демократија, изјави Колев и додава дека моќта не е во рацете на граѓаните и нема право на избор.

-Ние во нашето општество имаме хегемонија на политичките лидери кои ги редат не на база на квалитет туку на послушност, не на база на капацитет туку колку кандидатите се лојални кон лидерот. Ние остануваме доследни до последниот момент за реализација на целта – отворени листи со која добива македонската демократија.

Овој бироктратски ситем со 120 пратеници е тотално е тотално непотребен на Македонија. Доколку една Словенија може со 90 пратеници , зошто ние не би можеле. Дури сметаме дека Македонија би можела прекрасно да се развива и со 61 пратеник, изјави во гостувањето во Утрински брифинг, лидерот на ГДУ Петар Колев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

4 × one =