🎥📞 Колев: Избори 22 дена по завршувањето на вонредната состојба-обвинувањата кон здравствените работници се чист популизам

You must need to login..!

Опис

Согласно изборниот законик 22 дена по завршување на вонредната состојба треба да имаме избори. За мене барањето за смена на Комисијата за заразни болести е чист политички популизам. Јас сериозно ја критикувам работата на владата, но кога се работи за здравствените работници неприфатливо е да се напаѓаат луѓето кои буквално ја ставија својата глава во торба и ги загрозија своите и животите на своите семејства, изјави првиот човек на ГДУ, Петар Колев.

Македонскиот здравствен систем успева да се справи со ситуацијата. Тоа не е успех на Владата туку стручност и знаење на здравствените работници, вели Колев и додава дека бојкотот за избори кои ги најавува дел од опозицијата за него е неприфатлив, додека сосема друго прашање е дали ќе се води кампања или не.

Македонското општество мора да сфати една работа – ништо добро не води карањето и обвинувањето, вели Колев.

-Овде морам да кажам дека имаме 120 нови „рамковно вработени“ – 120 пратеници земаат плата а не одат на работа, изјави за Утрински брифинг, лидерот на ГДУ, Петар Колев

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × three =