Колева: Законот за електронски учебници ќе се врати со европско знаменце

You must need to login..!

Опис

Законот за електронски учебници нуди многу новитети во поглед на образованието. Изминатите неколку денови имаше доусогласување во координација со секретаријатот за европски прашања, што се однесуваше во делот на европскиот законик и европските препораки.

Предлог – законот вчера беше поминат на Влада и веќе наредните денови во најбрз можен рок го очекуваме на дневен ред на седница за да може да дебатираме околу него. Овој предлог закон нуди целосна измена на новите учебници, а таа промена ќе се воведува сукцесивно од септември со новите реформи кои што се дел од стратегијата за образование 2018 -2025 година и во тек на тие реформи ќе може учебниците да ги сменат своите содржини, односно по големите реакции од наставниците, од стручната јавност, од самите родители и од учениците во поглед на содржините на сите учебници каде што се појавуваа многу содржини кои што се несоодветни, неприкладни на возраста на учениците.

Законот ќе се врати со европско знаменце бидејќи е приоритетен но не би требало да има блокада затоа што овој закон е од голема важност затоа што е дел од сите реформи кои што ни следуваат во образованието, и јас сметам дека треба да седнеме и да дебатираме за тој закон и доколку нешто се покаже дека не е соодветно или не е прикладно во законот може со амандмани да се сњлува на законот и да се воведат тие промени, изјави за УБ пратеничката од редовите на СДСМ, Даниела Колева.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 + five =