Ковид пандемијата го зголеми бројот на деца жртви на трговија со луѓе

You must need to login..!

Опис

Последните податоци од Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија и Косово покажуваат дека децата претставуваат мнозинство меѓу идентификуваните жртви на трговија со луѓе. Податоците покажуваат дека поголем број од жртвите биле девојчиња. Во Македонија формално идентификувани се само шест девојчиња, додека момчиња жртви на трговија со луѓе не се идентификувани, вели Лејла Дервишагиќ, проектен менаџер во Канцеларијата на Европската унија во Македонија.

-Први на мета се децата од социјално загрозени семејства, децата од улица, како и непридружуваните деца. Во Македонија најчести цели на трговија со деца се сексуалната експлоатација и присилните бракови. Главните препораки и апели на Регионалната конференција е да се направат поголеми заеднички напори во сузбивањето на овој вид на криминал. Земјите во регионот се членки на Конвенцијата на Совет на Европа за акција против трговијата со луѓе. Со стратегија, закони и правни механизми, но и нивна примена на терен ќе се бориме против трговијата со деца но и нивна реинтеграција во општеството, објаснува Дервишагиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 + 5 =