Ковачевски: Со зголемено домашно производство се обидуваме цената на струјата да не предизвикува шокови

You must need to login..!

Опис

Ова е најтешката енергетска година во последната деценија или две. Интензивно се наоѓаме во енергетската криза и на глобални рамки, претходно имаше ковид-криза, а сега дополнително имаме воена криза во Украина, вели Васко Ковачевски, директор на ЕСМ за Утрински брифинг.

-АД ЕСМ си има свој домен на работа. Ние работиме со стари хидро и термо електрани. Пред пет години сме требале да го затвориме РЕК Битола оти годинава слави 45 години од отворањето, а производителите велат дека векот на траење е 35 години. Во моментов работиме и пет продукти кои се надвор од работата на ЕСМ оти Владата нема како да ги премости и поради тоа сме во загуби, вели Ковачевски.

Политика на Владата е да се оди на зелена енергија.

-Ние како држава сме на најниско нивона производство на зелена енергија. Три енергетски стратегии се правени само во последниве десет години, а тоа не е добро. Но, пред три години издадовме стратегија за зелена енергија за што бевме пофалени. Иднината на државата се обновливите извори на енергија со период на транзиција од 20 години со природен гас, вели Ковачевски.

Тој додава дека се работи на зголемување на домашното производство на електрична енергија. Годинава ЕСМ планира 20 отсто зголемување на производството на енергија. Се бараат и начини да им се помогне на стопанството и институциите со домашна енергија која е поевтина одошто онаа што се набавува на пазарите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

15 + nine =