Ковачевски: СДСМ има тим за иднината кој ќе продолжи со победнички менталитет да ја унапредува партијата, но пред се да ја унапредува државата

You must need to login..!

Опис

СДСМ оддржа успешен 26 конгрес. Огромно мнозинство на делегати беше присутно на конгресот. Ова е започнување на процесот на нова политика, со што СДСМ остана прв во промените, што претставува акција на нова позитивна промена во начинот на функционирање на партијата. Таа политика има пет клучни столбови – обновување на досегашната кадровска понуда, со освежување на нови кадри, ангажирање на сите можни капацитети за борба против корупцијата и криминалот, охрабрување на различно мислење и туѓи ставови, застапеност на сите етнички заедници во партијата, од најразлични професии, четврто градење на СДСМ за ново време, и петто поттикнување и подигнување на мотивацијата на нашите граѓани. За првпат имаме еднаква застапеност на мажите и жените, како и 45 млади предложени од СДММ во ЦО, изјави во Утрински брифинг Димитар Ковачевски, заменик-министер за финансии и член на ЦО на СДСМ.

СДСМ е единствена партија во државата која има претставници во сите општини во државата. Јас лично како нов член на ЦО и ИО на партијата сум уверен дека ова добар тим, тим за иднината кој ќе продолжи со еден победнички менталитет да ја унапредува партијата, но пред се да ја унапредува државата и да ја направи подобро место за живеење, вели Ковачевски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 − 1 =