Ковачевски за УБ: Радикална промена на образованието оти технологијата се менува на две а ние студираме теорија со години

You must need to login..!

Опис

Македонија мора радикално да го менува својот образовен систем за да биде во чекор со развојот на технологијата, која се менува на секои 2-3 години, вели во Утрински брифинг, Димитар Ковачевски, унверзитетски професор и еден од основачите на Пиксел Груп, компанија која произведува фотоволтаични панели.

Одговарајќи на прашањето дали во Македонија има кадри подготвени да работат со новата технологија, Ковачевски вели, пред се потфрламе во образованието бидејќи недостигаат практиката и научно-истражувачките универзитетски центри.

„Зошто мора радикално да го менуваме образованието и да го адаптираме на промените? Во светот, научната фела, односно истражувачките центри ги водат промените. Во Македонија, науката ги загуби тие чекори. Ние мораме да направиме драматична промена кај нас за да имаме соодветни кадри…светот се движи, луѓето учат на онлајн платформи за да ги надополнат своите вештини и веднаш да влезат во производство. Заврши времето на 17 години учење и на 40 години работа до пензија. Ние сме надвор од т.н Шангајска листа на универзитети бидејќи нема научно-истражувачки центри“, вели Ковачевски меѓу другото.

Тој смета дека доколку државата го проектира својот економски раст спореден со ЕУ, нас, вели Ковачевски, ќе ни треба преку 30 години да го достигнеме развојот во ЕУ.

„Тој раст почива на три постулати: владеење на правото и унапредување на институциите, развој на нашите работници и министри и третото е поддршка на инвестиции во нови технологии од четвртата индустриска револуција“, вели еден од основачите на Пиксел Груп.

Последниот Светски економски форум во Давос и западниот свет, Ковачевски ги посочува како соодветни примери кои ја потенцираат важноста за новите технологии на создавање енергија, напоменувајќ дека веќе се бришат границите меѓу биолошките, дигиталните и физичките елементи во животот.

Во однос на компаниите во Македонија, тој вели, сериозните компании веќе прават анализи врз база на намалување на трошоците, зголемување на продажбата и заштита на животната средина, а токму соларната енергија исполнува две од овие цели, особено заштита на трошоците и на околината.

„Во почетокот беше тешко да им се објасни на компаниите, но свеста сега е на повисоко ниво и имаме се повеќе клиенти кои сами бараат енергетска, економска анализа и потоа изготвување на проект. Неколку компании кај нас веќе својата енергија ја произведуваат преку соларни фотоволтаични централи“, вели Ковачевски.

За начинот на работа на Пиксел Гру и плановите на компанијата меѓу другото, повеќе во разговорот со Ковачевски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

five × 3 =