Клиниката за неврологија се враќа во комплетно функционирање, од денес во фунција одделот за неврофизиологија

You must need to login..!

Опис

По пауза од скоро година и половина од денеска повторно почнува да функционира одделот за ЕЕГ и ЕМГ на Клиниката за неврологија, информираше денеска во Утрински брифинг директорот на Клиниката, доц. д-р Иван Паргов.

  • Овој оддел беше затворен за пациенти, откако во октомври 2020 година беше пренаменет во ковид центар. Тогаш Клиниката мораше да се приспособи на ситуацијата и да им излезе во пресрет на болните од ковид, но на сметка на пациентите кои имаа потреба од прегледи на одделот за неврофизиологија. Значајно е дека термините за преглед ќе бидат пуштени денеска на „Мој термин“, а хоспиталниот оддел веќе работи нормално, таму се моментално хоспитализирани 25 пациенти со мозочни удари и други невролошки болести, кои бараат хоспитализација на терцијално ниво. Хоспитализацијата до неодамна беше оневозможена поради пренамената во ковид центар, поради што голем број пациенти кои имаа потреба од болничко лекување, се лекуваа во домашни услови преку службата за домашна посета. Имавме договор со болницата 8 Септември и со Клиниката за Неврохирургија да примаат одредени итни пациенти на кои им требаше итна хоспитализација, како на пример пациенти со мозочен удар, вели д-р Паргов.

Клиниката се состои од три дела, амбулантско поликлинички дел, главен хоспитален дел кој беше пренаменет во ковид центар и неврофизиологија каде се сместени апаратите кои се користат во секојдневната пракса.

  • Апаратите не функцинираа подолго време бидејќи персоналот, односно лекарите и медицинските сестри кои работат на нив беа ангажирани во ковид центарот, така што немавме персонал за оваа апаратура. За некои итни пациенти кога требаше да се направи електроенцефалографија, доаѓаа доктор и медицинска сестра од ковид центарот, но тоа беа мал број пациенти без „мој термин“ и без закажување. Сепак, работеше амбулантско поликлиничкиот дел, што овозможи да се вршат прегледи како на итни пациенти така и на закажани преку „мој термин“. Пациентите со мултипла склероза и со ретки болести цело време терапијата ја примаа амбулантски, објаснува директорот на Клиниката за неврологија.

Тој се надева дека нема да треба Клиниката за неврологија повторно да биде пренаменета во ковид центар.

  • После две години не треба да се бараат парцијални решенија, туку систематски решенија, што значи пациентите со кјовид да се лекуваат во болници кои се наменети за тоа. Одлуката универзитетските клиники да се користат како ковид центри требаше да биде привремено решение, но непотребно се одолговлечи. Пандемијата е непредвидлива и не се знае до кога ќе трае, но универзитетските клиники кои даваат терцијална здравствена услуга мораат да се посветат на својата работа, дециден е д-р Паргов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

3 + eleven =