Кицев: Денеска и утре од МВР ќе бидат вакцинирани 1.510 наши колеги

You must need to login..!

Опис

Кога се правеше националниот план за имунизација ние како Македонски полициски синдикат тогаш се обративме на премиерот преку министерот Спасовски. Ја добивме поддршката и тие не ставија во националниот план за имунизација како приоритет. Денес се гледа фека истото го испочитуваа и во името на сите наши членови на МПС и во името на сите вработени во македонската полиција. во АНБ. Агенцијата за рзаузнавање и Управата за финансова полиција им се заблагодарувам на премиерот и на министерот. Денеска започнува вакцинирање на нашите најистурени колеги – од управните служби, единиците за специјални задачи, позорникарите, така што денеска и утре од МВР ќе бидат вакцинирани 1.510 наши колеги, изјави во Утрински брифинг, Марјан Кицев претседател на Македонскиот полициски синдикат.

Бидејќи вакцинирањето е на доброволна база не можеме да одредиме точна дата кога ќе заврши вакцинирањето. Секојдневно се прават нови списоци и се надевам дека во најбрзо време ќе заврши вакцинирањето. Има и одредена бројка што не сака да се вакцинира, има и бројка од преку 1.600 што го имаат прележано вирусот, вели Кицев.

Никој нема однесено наши колеги во Србија да се вакцинираат. Имаше некој обид да се направи вакцинирање, бидејќи започнаа да прават списоци од наши колеги кои се класифицирани информации, истите требаше да ги достават до странска служба, ќе имаше загрозување на безбедноста на нашата држава, вели Коцев.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 − three =