Китановски: На сите акцијаши од 1946 со пругата Брчко – Бановичи па до 1990 им го честитам овој голем празник – и во тешките времиња духот и хуморот мора да опстанат

You must need to login..!

Опис

Денеска е и први април, денот на работните акции. Јас би сакал на сите акцијаши од 1946 со пругата Брчко – Бановичи па до 1990 да им го честитам овој голем празник. Денеска ние Здружението на Акцијаши – Скопје, ќе го обележиме со засадување на дваесетина садници во кругот на студентскиот дом Стив Наумов. Имаме гости од осум општини така што ова веќе има пошираки размери, изјави во Утрински брифинг познатиот хуморист Војче Китаноски.

И во тешките времиња духот и хуморот мора да опстанат. Човештвото и покрај сите неубави работи што се случуваат мора да продолжи понатаму. Духот не може да се уништи, додава Китановски.

Целиот разговор погледенте го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 − 10 =