Кираџиева: Левица ќе ги развива руралните подрачја на Аеродром

You must need to login..!

Опис

Кандидатката за градоначалник на Аеродром од редовите на Левица, Весна Кираџиева, неколкукратна шампионка во маратон, вели спортот и помага и таа е подготвена за локалните избори без разлика дали ќе завршат во прв или ќе има и втор круг во нејзината општина.

Во Утрински Брифинг Кираџиева рече дека најголем проблем на Аеродром е негрижата за хигиената и зеленилото на сметка на бетонизацијата.

Според неа, Левица не им ветува на граѓаните неостварливи проекти туку главен фокус е развивање на руралните подрачја на општината и средување на како што вели таа, дивите депонии во Горно и Долно Лисиче, и нивно претворање во големи зелени паркови.

Меѓу другото, Кираџиева рече дека Левица ќе ги стопира сите планирани градби во делот на Мичурин, бидејќи тој дел е пренатрупан.

Повеќе за идеите на Кираџиева за нејзината општина, во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty − 7 =