„Кинетикс“ фитнес студио – Фитнесот еден од начините за подобар и поздрав животот

You must need to login..!

Опис

Редовното вежбање и практикувањето некаква физичка активност покрај тоа што е добро за здравјето, може да има позитивен ефект на повеќе сегменти од животот. Но како пандемијата од Ковид -19 влијаеше врз фитнес студијата.

„Кинетикс“ е фитнес студио чија главна цел е да ги научи своите вежбачи како до поздраво, посилно и позгодно тело притоа уживајќи во животот повеќе од претходно. Дечките од тимот промовираа веб страна со достапни програми, за различни видови на вежби и тренинзи.

-Цврсто стоиме зад тоа дека фитнесот треба да ни го подобри животот, а не да ни го окупира. Да ја поседуваш способноста да бидеш во контрола над своето здравје и изглед е енормен буст на самодоверба. Чувството е воодушевувачко, а многу мал дел од луѓето знаат како. Веруваме дека секој треба да се труди да се подобрува во животот. Со тоа кажано, вистинското задоволство треба да произлегува од процесот, а не дестинацијата. Премногу често сме фокусирани на нашата цел заборавајќи да уживаме во моментот, велат од „Кинетикс“.

Гости во Утрински брифинг беа членовите на тимот на „Кинетикс“, Емилија Колоска, Филип Дренковски и Бобан Костовски, а целиот разговор погледнете го во видеото.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ten + 11 =