Кинескиот потрес од короната – цунами за европскиот туризам

You must need to login..!

Опис

Откако во реоните каде што владее Коронавирусот се испразнети рафтовите во супермаркетите и аптеките, почнуваме да разговараме за елементарното чувство, дали ние во Македонија треба да ги изведуваме туристичките патувања од земјава.

Првата проценка на загубите во светскиот туризам е 70.000.000.000 од стопирањето на туристичките аранжмани.

Гостин во Утрински брифинг беше директорот на Агенцијата за туризам, Љупчо Јаневски.

Во 2019 година според Светската туристичка организација, патувале 1.5 милијарди туристи во светот. Ако велиме дека Франција со 86 милијарди е првата посетена земја во Европа, а европскиот континент е 51% од вкупниот број на туристи тогаш би можеле да претпоставиме каков е ефектот.

Ако 180 милиони азиски туристи патуваат во светот и во овој момент тоа не го прават, само Франција во овие два месеци губи 30-40% од вкупните патувања и туристи.

Сега успешноста ќе се мери во помалиот минус на туристичките дестинации. Кај нас до мај се стопирани сите азиски тури од големите тур оператори кои што се движат по балканските тури или народно кажано „бела чао“ турата.

Во овој момент би спомнал дека се работи за отприлика 350-450.000 само кинески туристи кои на годишно ниво го посетуваат Балканот. Или околу 1 милион туристи од Азија кои годишно гравитираат на ова поле. Тие традиционално патуваат од декември, јануари, февруари, март, април и во овој момет се стопирани овие тури, изјави Јаневски на прашањето како се прилагодуваат нашите тур-оператори околу оваа појава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

one + twenty =