🎥 Кекеновски: ВМРО-ДПМНЕ манипулираат со граѓаните дека се загрижени за нивното здравје – избори треба и мора да има

You must need to login..!

Опис

Направивме коалиција која е десно ориентирана. Кога се формираше коалицијата се договоривме да ги застапуваме ставовите кои не поврзуваат а не оние кои не разликуваат. Тоа е „никогаш Северна само Македонија, борбата против корупцијата и криминалот. На власт ги видовме и едните и другите. Никој ништо не презема против злоделата и криминалот кој што се прави, изјави за Утрински брифинг, проф. Јове Кекеновски основач и предводник на ФРОДЕМ.

-Начинот на изгласувањето со дво-тренсккиото мнозинство, начинот на потпишувањето ни дава за право да се обидеме да го поништиме Преспанскиот договор преку меѓународните инстанци. Разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и нас е тоа што ние ќе го кажеме го правиме и не ни служи само за дневно-политички поени. Да сакаа да го променат договорот имаа можност додека беа во пратеничките групи, имаа можност и да повикаат граѓани да се спротивстават против промената на името, но тие се соучесници во промената на името. Токму во моментот кога се склучуваше Преспанскиот договор, нивниот лидер повикуваше на протести против загадениот воздух, вели Кекеновски.

Околу работа на Здравствената комисија Кекеновски смета дека иако политиката имала влијание врз неа, од стручен аспект солидно си ја врши работата.

-За жал времето може да покаже дека одредени одлуки кои ги донесе биле под притисок на политиката. Јас бев еден од оние кои први побараа вонредна состојба и дури сметам дека закаснивме на ова поле.

БОЈКОТ НА ИЗБОРИТЕ

Никој не го спори правото на ВМРО-ДПМНЕ да ги бојкотира изборите. Јас лично не гледам зошто не би оделе на изборите. Доколку најголемиот број на париите одлучат да одат на избори јас не гледам зошто изборите не би биле нелегални ако една партија ги бојкотира.

-По којзнае кој пат манипулираат со граѓаните дека се загрижени за нивното здравје. Мислам дека мотивите им се сосема различни. Нека повелат нека бојкотираат. Владата изготви протокол, а и ние како коалиција дадовме предлог гласењето да трае три до пет дена, се со цел поголема излезност. Правни пречки нема. Со владина уредба би се сменил изборниот законик каде што би се навело кога би се гласало, вели Кекеновски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

eleven − 7 =