Кежаровски: Работам на втората книга – „Заробена слобода“

You must need to login..!

Опис

-Денес во 12 часот во Собранието се доделува наградата „Мито Хаџивасилев- Јасмин“. Мојата книга во 2019-та година беше изложена на Саемот за книга во Франкфурт. Тоа за мене беше големо достигнување, затоа што ретко кој македонски автор наоѓа место на еден од најголемите светски саеми, изјави за Утрински брифинг новинарот Томислав Кежаровски, добитник на државната награда „Мито Хаџивасилев- Јасмин“.

-Во таа книга се забележани сеќавањата и дожавувањата мои од моментот на апсењето до излегување на притвор. Во моментот имавме планови да го сториме тоа во месец декември, но не стасавме. Од ден на ден се собираат дополнителни материјали. Инаку во моментот работам на втората книга. Работниот наслов е „Заробена слобода“ и ќе се занимава со периодот од куќниот притвор до излегувањето, до средбите после тоа, до сите документи, кој како и кому издавал наредби за моето приведување и зошто е правено тоа.

-Јас бев официјално информиран дека нема досие, но малку по малку се стасува до нешто друго. Собрав интересни материјали кои што откриваат нови моменти за тој фамозен случај Ореше, но претпоставувам дека има и други работи.

-Во моментот на приведувањето и апсењето, приведен сум под сомнение за оддавање на идентите на заштитен сведок. Тој текст е објавен 2008-та, а јас сум приведен после пет години.

-Има еден интересен момент, стасувајќи до целата таа документација, борејќи се со разни премрежија. Многу интересно е дека има еден документ во кој што се вели дека Кежаровски е донесен во Шутка на 23 мај 2013-та, но факт е дека групата која што не сомнечиеа за сите тие работи, нас не приведоа на 28 мај. Веројатно работите се испретумбаа во меѓувреме. На приемниот лист во затворот во Шутка стои дека Кежаровски е уапсен и приведен по основ на сторено дело примање поткуп.

-Кога некому кој што помалку го познава правото ќе му кажете дека делото застаре, прво што ќе му падне на памет е дека јас сум ги одбегнувал судењата или сум бил недостапен на органите на прогонот. Јас побарав да ми се даде можност, да ми се дадат сите документи да го отвориме уште една случајот.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

20 − 8 =