Кацарска: Во пандемиската година дојдоа до израз сите системски слабости поврзани со ранливите групи

You must need to login..!

Опис

-Агенцијата за основни човекови права на ЕУ е основана од земјит ечленки, за д аго пополни тој евидентен јаз на телата и справувањето во ЕУ со ччовековите права. Со внесувањето на европската повелба за човековите права во Договорите, со Договорот од Лисабон едноставно с ествори простор за креирање на оваа Агенција. Веќе од 2010-2012 има свој залет кко Агенција која е главниот авторитет за правата кои што се покриени со Повелбата за човековите права на ЕУ и таа на ист кантар ги става сите земји члнеки на ЕУ во однос на обласитет кои вклучуваат – не дискриминација, борба против расизмот, правата на Ромите, пристапот до правдата, правата на лушето со попреченост, прашањата на азил и миграција. Ова се прашања кои се покриени со регулативата на ЕУ, изјави во Утрински брифинг д-р Симонида Кацарска директорка на Институтот за европска политика.

-Ние сме членка со набљудувачки статус на ФРА, од 2018 година – статус за кој долго време се боревме. Кај нас омбудсманот е член на Управниот одбор со ннабљудувачки статус, додека Институтот за европска политика беше избран на меѓународен тендер како Институција која дава анализи, кој ашто беше оценета дека ги исполнува критериумите за да биде Национална истражувачка агенција, вели Кацарска.

Годинешниот извештај е дел од пакетот на извештаи за сите земји членки, плус Србија и Македонија, кој што го издаде Агенцијата на 10 јуни. Се однесува на перидоот на 2020 година, тешка пандемиска година, особено за човековите права. Она што го утврдивме и каде што не застрануваме од европскиот тренд, се исклучителни гапови, односно јазови дали националните системи во вакви услови можат да обезбедат заштита н најранливите групи. Имаме очигледно проблем, како што беше случај и во многу еврипски земји до обезбедување на социјалната заштита, образованието, пристапот до здравствените услуги, правдата за групи кои се исклучително ранливи, за Ромите, децата со попречченост.

Ова се теми кои ги начна и самиот директор на Агенцијата како теми кои се загрижувачки на европско ниво, се укажа дека е многу потрербно да се работи на дигитализација на сите овие услуги, за да може да се бориме подолгорочно со вакви ситуации, но и се нагласи потребата да се изгради отпорност на системите, преку јанкнење на инситуциите за човекови права, вели Кацарска.

Целиот разговор со д-р Симонида Кацарска погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

four + 17 =