Кацарска: Бугарија е многу јасна и го бутка проектот дека Албанија мора да биде одвоена од Македонија

You must need to login..!

Опис

Одамна не сме имале посета на претседател на Албанија, но секако го имаме моментот на почетокот на преговорите и улогата која што ја има Бугарија во блокадата на нашите преговори заедно со Албанија , изјави за Утрински брифинг Симонида Кацарска – директорка на Институтот за европска политика.

-Сепак ако гледаме во контекст на пристапниот процес, Бугарија веќе се изрази за она што ние го нарекуваме колоквијално одвојување на двете земји, така што не мислам дека Бугарија е точката кад ешто треба да се врши притисок од страна на Албанија.

-Мислам дека ова прашање е сепак прашање кое што треба да го гледаме во нашиот билатерален однос со Бугарија.

-Бугарија е многу јасна во однос дека го поддржува почетокот на преговорите со Албанија, и на тој начин го креира притисокот врз нас во однос на овие прашања, вели Кацарска.

-Околу ставот на лидерството на премиерот на Албанија мора да признаеме дека беше релативно воздржан во однос на ова прашање. Како и да е – Бугарија е многу јасна и го бутка проектот дека Албанија мора да биде одвоена од Македонија. Прашање е како другите земји од ЕУ ќе се постават, додава Кацарска.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

three × one =