Катедрата за педијатрија денеска организира крводарителска акција

You must need to login..!

Опис

Денеска во просториите на амфитеатарот на Катедрата за педијатрија се одржува крводарителска акција во соработка со Универзитетската клиника за детски болести и Институтот за трансфузиона медицина.

Акцијата е на иницијатива на раководителката на Катедрата за педијатрија, проф-др. Соња Кираџиевска.

– Катедрата за педијатрија како една високо образовна едукативна установа која е во состав на медицинскиот факултет, има хумана нота која ја покажува преку денешната крводарителска акција. Дај Боже оваа активност да прерасне во традиционална крводарителска акција која ќе мотивира што поголем број хумани граѓани да даруваат крв, вели проф-др. Соња Кираџиева.

Таа посебно ги охрабрува оние кои прв пат ќе донираат крв, и потсетува дека пред крводарување на секој пријавен ќе му биде направен медицински преглед.

Крводарителската акција ќе трае до 14 часот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × 5 =