Кардиологот Вавлукис за УБ: Сите оние кои имаат кардиоваскуларни итности да не чекаат, туку веднаш да побараат лекарска помош

You must need to login..!

Опис

Има еден парадокс со кој се соочува кардио-васкуларната заедница. Излегуваат извештаи од земјите зафатани од КОВИД-19, а тоа е дека онаа популација на пациенти која што беше најчеста, а тоа се пациентите со акутен коронарен синдром, односно пациентите со миокардни инфаркти, како да ги снемува во целата ситуација на КОВИД-19 пандемија. Па така во март и април минатата година споредено со истите месеци оваа година имам скоро за половина намалување на бројот на болни со акутен-коронарен синдром.

Доколку минатата година на нашата клиника на месечно ниво (во март и април) биле третирани по околу стотина пациенти оваа година за март месец тоа беа 50 мациенти, а во овие три недели од април само 24 пациенти со акутен коронарен синдром. И тоа е една енигма за кардиолозите низ светот – дали навистина е помала честотата или пак ние ги губиме пациентите, затоа што се исплашени и одложуваат да бараат лекарска помош, изјави за Утрински брифинг, Марија Вавлукис, кардиолог од УК за кардиологија.

-На сите е веќе познато дека први на удар се пациентите со срцева слабост и пациентите со одредени ризик фактори – артериска хипертензија и дијабетес. ТИе се поподложни на другата популација. Важно е да се каже дека оние пациенти ки ќе се соочат со КОВИД-19 инфекцијата имаат многу полош клинички тек споредени со останатите пациенти без овие две заболувања. 40 до 50% е смртноста кај пациенти со кардиоваскуларна болест, додека таа е 7 до 8% кај останатите пациенти, вели Вавлукис.

-Миокардна повреда, дефинирана како зголемено ниво на тропонин, може да се појави поради миокардна исхемија или не-исхемични миокардни процеси вклучително и миокардитис. При тешка респираторна инфекција и хипоксија, особено во услови на тежок ARDS (акутен респираторен дистрес синдром) кој се должи на COVID-19 инфекција, веројатно бројот на пациенти кои ќе развијат ваква повреда ќе биде значителен.

Зголемени вредности на серумски тропонин се опишани кај многу пациенти со COVID-19 инфекција, со значајни разлики меѓу пациентите кои починале наспроти оние кои преживеале. Мета-анализа на 4 студии и вкупно 341 пациент, покажува стандардизираната средна разлика на cardiac troponin I нивоата меѓу оние со тешка COVID-19 инфекција наспроти оние со лесна и средно тешка од 25.6 ng/L со 95% CI 6.8-44.5 (45). Извештаите сугерираат дека акутна срцева повреда која вклучува не само зголемено ниво на кардијалните биомаркери > 99th перцентилната дистрибуција од URL, но и ЕКГ-рафски и ехокардиографски нарушувања – е со висока преваленца меѓу COVID-19 пациентите, и е асоцирана со потешка болест и полоша прогноза.

Кохортни студии од хоспитализирани пациенти во Кина реферираат честота од 7-17% од хоспитализираните пациенти и е значајно почеста кај пациентите третирани во ICU (22.2% vs 2.0%, p<0,001), и меѓу оние кои починале (59% vs 1%, p<0,0001) (6,8). Но, нивото на тропонин може да се зголеми и кај пациентите со бубрежна слабост поради одложена елиминација, што е често кај пациенти во напреднати стадиуми на болеста.

Во отсуство на поквалитетни податоци, хетерогеност на дефинициите во различни студии, стандардизирано собирање на податоци и методологија, се советува користење на најновата Универзална дефиниција на миокарден инфаркт, вели Вавлукис.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × two =