Кандидатот за претседател на НСДП, Трајковски, околу турбуленциите во партијата

You must need to login..!

Опис

-Имам статутарно право да се самокандидирам на Конгресот за избор на претседател на НСДП. Мислам дека членовите на сите општински организации сметаат дека треба да има некој натпревар. Од тој аспект ние тргнавме во таква кампања. Да има демократски избор и на крајот на денот секој кандидат којшто ќе се кандидира и Конгресот ќе го изгласа ќе добие поголем легитимитет, изјави во Утрински брифинг Кристијан Трајковски за најновите случувања во партијата и потенцијален кандидат за претседател на НСДП.

-Од тој аспект, по заминувањето на г-дин Петковски, јас се мотивирав да се кандидирам и сето мое работење да го факторизирам на Конгресот, додава Трајковски.

-Ние сме сите луѓе на г-дин Петковски. Тој не мотивираше да се ангажираме и да работиме за НСДП.

-Ние сме дел од колаицијата со СДСМ. До сега функционираме и имаме заеднички проекти. Претседателското место на НСДП не е во врска со парламентарното мнозинство. Станува збор за она за што во 2016-та година се договараше на голема врата, а тоа е една изборна единица. Мојот личен став е дека со една изборна единица сите помали политички партии ќе добијат бројки колку тежат, потенцира Трајковски.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

seven − two =