Камчев: Во САД бараат од Бајден јасна демонстрација на сила за руските постапки и антидемократски активности

You must need to login..!

Опис

Џо Бајден прв пат се сретнува со руски лидер во своето прво заминување надвор од САД и ако се чита ккао одговраат руските медиуми се добива впечаток дека се навистина задоволни. Оваа средба беше иницирана од самиот Бајден и затоа Путин од оваа средба би можел само да ќари, ако ништои друго само ќе се фотографира со Бајден, а тоа е добро за неговата слика во јавноста, дека РУсија се подигнува, дека е голема сила и дека е на исто рамниште со САД, изјави во Утрински брифинг, Борис Камчев, дописник на МИА од Вашингтон и додава дека за разлика од Русија, во Вашингтон е помирно и се уште се разговара дали средбата Бајден – Путин е навистина потребна во ова време.

Сајбер проблемот и кибер нападите се горлива тема во Америка. Некои конгресмени му сугерираат на Бајден дека на средбата со Путин доаѓа од Самит на НАТО, а токму на НАТО самитот беше сугерирано за членот 5, според кој напад на една членка значи напад на сите и дека тој член треба да се адаптира во дигиталниот свет и затоа Бајден треба да настапи со ставот дека доколку и кибер нападите се вистински напад тоа може да значи лошо за Русија. Токму тоа е пораката која Бајден сака да ја пренесе до Путин – да се престане со кибер нападите и да се побара повлекување на руските воени формации од Украина, да се запре во мешањето во изборите во САД, вели Камчев.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seven − 2 =