Камчев: Бајден најави дека светот ќе ја повика Русија на одговорност

You must need to login..!

Опис

Борис Камчев од Вашингтон за денешен Утрински брифинг ги пренесува најновите реакции од САД.

-Нападот на Русија во Украина е една од најсериозните кризи по Втората светска војна. Американскиот претседател Бајден рече дека претседателот Путин избра да води војна со умисла која ќе донесе катастрофални човечки загуби и страдање, а дека САД и партнерите ќе одговорат енергично. Светот ќе ја повика Русија на одговорност како што рече Бајден, пренесува Камчев.

33

Утре ќе бидат објавени жестоки санкции против Русија, ќе се блокираат финансиските текови на Русија.

Во Русија пак, голем дел од популацијата го поддржува Путин во неговите напори за прекројување на историјата. Но, за многу Руси Украина е блиска земја во која имаат роднини и често патуваат, коментира Борис Камчев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

17 − 8 =