Камиловска Трповска: Нема доволно политичка волја да се работи на прашањето за борба против корупцијата

You must need to login..!

Опис

Антикорупциската политика во државата – во Собранието стигна стратегијата за борба против корупцијата.

За подгoтовката, усвојувањето и донесувањето на стратегијата, ДКСК секојдневно говори дека процесот бил инклузивен, односно дека биле вклучени сите страни. Според Снежана Камиловска Трповска од МЦМС, точно е дека процесот бил транспарентен. Проблемот е што институции кои можеле да дадат придонес во креирањето на стратегијата не биле инволвирани во подготовката на истата.

Факт е дека процесот беше инклузивен, транспарентен и доста беше широк опфатот на засегнатите страни кои што беа повикани од страна на ДКСК
Насер Селмани и Снежана Камиловска Трповска во Утрински брифинг

Факт е дека процесот беше инклузивен, транспарентен и доста беше широк опфатот на засегнатите страни кои што беа повикани од страна на ДКСК да земат учество во драфтирањето на првата национална стратегија за борба против корупција. Од таа гледна точка тој процес беше така креиран.

 Можам да констатирам дека нема доволно политичка волја за да се работи на прашањето за борба против корупцијата, Снежана Камиловска Трповска од МЦМС
Снежана Камиловска Трповска во Утрински брифинг

– Проблемот се појави од страна на парцитипативноста на засегнатите страни да учествуваат во тој процес. И покрај тоа што голем број на државни институции, приватен сектор преку бизнис заедниците, граѓанските организации беа поканети на големиот број работилници, можеме да заклучиме дека оние државни институции кои требаа да бидат таму и да дадат реален придонес во креирање на оваа национална стратегија не беа присутни. Од друга страна оние кои што беа, не беа реално спремни да дадат суштински придонес во креирање на ваков документ.

– Можам да констатирам дека нема доволно политичка волја за да се работи на прашањето за борба против корупцијата, изјави Снежана Камиловска Трповска од МЦМС.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ten + twenty =