Калеска Ванчева: Етиката и моралот мора да бидат дел и од политичката култура

You must need to login..!

Опис

-Етичкиот Кодекс е за прв пат донесен во 2018 година. ВО претходниот мандат ги донесовме дополнувањата на етичкиот Кодекс, правилник за постапување и едно упатство за начинот на кој што треба да се применува Кодексот од страна на пратениците. Со тоа фактички ја исполнивме онаа рамка која што од нас се бараше и во препораките од ГРЕКО тоа беше една од условите за Собранието во делот на етичкиот Кодекс, изјави во Утрински брифинг Снежана Калеска Ванчева, од Комисијата за деловнички и мандатно- имунитетни прашања.

-Вие може да донеесете многу правила, но целата сушштина е колку живот ќе им дадеме на тие правила, а тоа зависи пред се од самите нас.

-Етиката и моралот се категории со кој што човекот живее од неговото раѓање. Ве учат родителите, наставниците. Средината во која што живеете, опкружувањето и тоа влага во вашиот мејнстрим.

-Ако во највисокиот законодавен дом, носителите на јавни функции, не почитуваат основни правила на однесување тогаш што да очекуваме од граѓаните, особено кај помладите. Општо е распространето дека во политиката и во војна е дозволено се. Но не е така. Ни во војната не е дозволен повеќе се. Исто и во политиката.

-Етиката и моралот мора да бидат дел и од политичката култура.

Целиот разговор погледнете го видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

18 + 14 =