февруари 13, 2020 1741 Нема коментари
You must need to login..!
Опис
Членот 110 од предлог Законот за ЈО предизвика бројни полемики во јавноста, за тоа дали овој член ќе се однесува само на предметите на СЈО, побаравме толкување од пратеничката на СДСМ Снежана Калевска.
Според пратеничката, членот 110 е потреба која се наметна за да се регулираат случаите кои беа почнати од СЈО, за сите останати случаи кои содржат незаконски прибавени материјали, обвинителите ќе се водат единствено според кривичниот законик, според кој зависи од судот дали незаконски прибавените материјали ќе се користат во постапката.
Според Кривичниот законик, Обвинителството и Судот ценат дали јавниот интерес е поголем во случаи во кои има незаконски прибавени материјали.