Калач: Изборот на обвинители беше транспарентен, но потребни се дополнителни објаснувања, реформите да не се буткаат на мускули

You must need to login..!

Опис

ЈО има една богата историја на контроверзи и во однос на нивниот избор, унапредувањето, на политичките врски во однос на нивното постапување или непостапување во однос на нивните истраги. Со тоа, Обвинителството има големи проблеми. Изборот кој што вчера се случи од страна на Советот на јавни обвинители и можевме да видиме звучни имиња. Морам да кажам дека јавните иобвинители се dominus litis во кривичната постапка и мислам дека овој пат имавме еден потранспарентен избор, бидејќи во минатото не се знаеше како се избираат овие обвинители, изјави во Утрински брифинг адвокатот Јасмин Калач.

Претседателот на Советот на јавни обвинители кажа дека немало политички притисоци. Постапката беше транспарентна, за прв пат овие обвинители се бодувани и сите овие обвинители кои аплицирале ги исполнувале критериумите за да бидат избрани, вели Калач.

Последниот збор го има Советот на јавни обвинители мислам дека треба да ги образложат своите одлуки – тие не кажаа зошто некој е избран, а зошто некој не. Мислам дека пресудна улога имал обвинителскиот стаж, така што мисла дека Советот треба да излезе на прес конференција и да објасни зошто Ленче Ристоска е изоставена, бидејќи таа го водеше предметот Таргет – Тврдина. Ристоска има пофални зборови од Eurojust во однос на предметите кои ги има водено и не треба да заборавиме дека во почетокот на истрагата кога го водеше предметот, таа уште во фаза на истрага бараше да влезе во Телеком, но не добиваше дозвола за претсрес за да може да го подигне обвинението, но благодарение на нејзината упорност, макотрпна работа, успеа да се справи со сите проблеми во тој период, изјави Калач.

Сега се поставува прашањето кој ќе ги преземе предметите кои што ги воделе овие јавни обвинители во првостепена постапка. Замислете Фатиме Фетаи го има водено предметот Монструм. Таму имаме пресуда но се уште не е правосилна.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

two × five =