Како од Цирих во Македонија – олеснителна платформа за судскиот систем “чека” на имплементација дома

You must need to login..!

Опис

Македонката Паулина Грнарова од Скопје e рангирана на престижната листа на магазинот Форбс – „30 under 30“. Рангирањето е резултат на новиот иновативен продукт базиран на вештачка интелигенција кој Грнарова го креираше во рамките на својот старт-ап „DeepJudge“, каде таа е коосновач и главен и извршен директор. Со користење на вештачката интелигенција креирана е платформата за унапредување на алатките во прaвната професија, со што ќе се овозможи поголема ефикасност на правните системи.

Рангирањето од списанието Форбс за Грнарова е дополнителен поттик за натамошна работа, но и потврда дека со посветеност се доаѓа до врвни резултати.

-„DeepJudge“ е старт ап формиран во Швајцарија. Копманијата се занимава со правни работи и се базира на софтвер на вештачка интелигенција која што ние го имаме развиено. Софтверот работи така што може да ги разбира податоците кои се дел од легални документи и понатаму им помага на адвокати или сите оние што се справуваат со легални податоци, да им ја оптимизира работата, изјави за Утрински брифинг Грнарова.

-Моментално најмногу работиме на швајцарскиот пазар. СОработуваме со голем дел од адвокатските куќи, целиме да почнеме соработка со судството овде а понатљаму да се развиваме на другите пазари.

-Први на листа ни се земјите кои зборат германски јазик, Германија, Австрија, па попнатаму се надеваме дека ќе стасаме до Македонија, вели Грнарова.

Целиот разговор погледнете го видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

16 − 16 =