Како на кошаркарите, така и на судиите им фали оној позитивен притисок од публиакта

You must need to login..!

Опис

Ние сме на вториот балон на АБА лигата. Учество имаат 14 екипи. КК Работнички не допатува поради позитивни играчи на Ковид- 19, изјави во Утрински брифинг Блаже Лазов, кошаркарски судија.

Кошарката се игра за публика. Сите играчи, како и судиите сакаат полна сала, да ужива публиката, да постои оној позитивен притисок.

Говорејќи за системот на проверка на судии Лазов вели дека постои рангирање, после секоја утакмица се добиваат оценки и најуспешните напредуваат.

Заедно со Лазов во Утрински брифинг гостин беше и еминентниот судија Едо Јавор, судија од Словенијa.

-Фали тој „филинг“ кога судиш со публика. За нас е можеби полесно, нема притисок кога е во прашање публиката, но сепак и ние како и кошаркарите сакаме да полни сали, вели Јавор.

Раговорот со Лазов и Јавор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 + 19 =