Како да станеш активна граѓанка – кампања на Акција Здруженска

You must need to login..!

Опис

Деновиве започна кампањата „Како да станеш активна граѓанка“, која ја организира Акција Здруженска и се одвива на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

„Оваа кампањата всушност потсетува на граѓанските права на жените, повикува на одговорност и потреба од наш активен придонес во заедницата, и го врзува учеството со смислата и природата на постоењето на локалната самоуправа како автономна власт. Сакаме да промовираме активно и одговорно граѓанство кое е основата на концептот на социјална отчетност што претпоставува одговорни граѓани, кои ќе бидат активни кои ќе бараат отчетност и транспарентност од локалните или централните власти. Ги повикуваме првенствено жените бидејќи од она што го знаеме од терен и од нашите истражувања се покажува дека жените генерално, а особено жените од руралните средини се најмногу маргинализирани и се комплетно исклучени од процесите на донесување одлуки.

Многу е тешко да се поттикне граѓанското женско учество особено заради тоа што жените не веруваат во институциите, ниту веруваат дека нешто можат да сменат. Со оваа наша кампања сакаме да дадеме придонес кон едно од најгорливите проблеми а тоа е отсуството или недоволниот јавен притисок од жените врз инстиуциите да работат за подобрување на секојдневието на жените и унапредувањето на родовата еднаквост; вели за Утрински брифинг, Соња Хаџиниколов, програмски координатор во Акција Здруженска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

2 × 2 =