Како да разликуваме, настинка, грип од Ковид-19 – разговор со Д-р Митов

You must need to login..!

Опис

За жал сезоната на грип и настинки ќе се преклопи со ковид пандемијата. И донекаде имавме и и минатата година, но како за чудо заради големите рестрикции минатата година ковид траше, но сезонските настинки не се појавија исто и грипот, изјави за Утрински брифинг Д-р Александар Митов.

Но, годинава веќе е поотворено и имаме класично поклопување и на корона и на грипот и на вообичаените сезонски настанки, додава Митов.

Тука се создава голема дилема, забуна и луѓето просто се плашат. Не знае човек како да се однесува, да се изолира, тестира. Затоа е многу важно да се разграничат, иако е тешко да се разликуваат симптомите.

Едно нешто за короната генерално што се кажува е дека има три главни карактеристики – таа тријада. Многу висока температура, кашлица и губење на чувството за мирис. Најчесто оваа тријада е типична за ковид 19 или за новата делта варијанта, вели Митов.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ten − 7 =