Каква општина им е потребна на ѓорчепетровци – дебата со кандидатите за градоначалници – Јаневски од ДОМ/ЛДП и Димитријевиќ од Левица

You must need to login..!

Опис

– Ѓорче си ја живее својата идила и некако далеку од Скопје. Ако сакаме да возиме велосипед по велосипедски патеки тоа треба да го направиме од Влае, ако сакаме културни и урбани содржини треба да го направиме од влае. Всушност Ѓорче како уште да не е разбудено. Паркот во Ѓорче не е оддржуван и ние во нашата програма велиме дека Ѓорче треба да стане првата зелена општина во Скопје, изјави за Утрински брифинг Љупчо Јаневски, кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров од ДОМ.

– Ѓорче Петров е општина која има можност многу брзо да се развие доколку се појави човек кој има слух и визија за Ѓорче. Тие технички стандарди кои ги поседува општината може лесно да бидат искористливи и Ѓорче да прерасне во една самоодржлива економска заедница, изјави за Утрински брифинг Александар Димитријевиќ, кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров од Левица.

Целата дебата погледенте ја во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nine + four =