Каевски: Цел свет се обединува, кај нас опозицијата ќе блокира закони битни за граѓаните

You must need to login..!

Опис

Собранието повторно се наоѓа во фокусот на јавноста оти дел од опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ одлучи да ја бојкотира работата на Парламентот сѐ до паѓање на оваа власт од власт.

-Преку 60 закони се закочени во Собранието преку комисиите каде што и досега ја правеа истата блокада со долги процедурални доскусии. И претходно се случуваше да излезат на говорницата и да зборуваат да сѐ и сешто. Ново е само тоа што сега нивниот лидер Христијан Мицкоски го официјализираше тоа, вели Дарко Каевски, пратеник од СДСМ, за Утрински брифинг.

Деловнички, во некои од комисиите претседава член од опозицијата, но таму не се закажуваат седници со месеци, додава Каевски и вели дека се надева оти разумот ќе надвладее со оглед на тоа што се наоѓаме среде неколку кризи – здравствена, економска, енергетска – па логично е во вакви услови да се даде поддршка на процесите во државата.

-Законот за наставници и стручни соработници чека повеќе од една година да им се трансформира работниот однос од определено на неопределено време. Станува збор за 4.700 луѓе. Блокирани беа и закони кои се однесуваат на работата на општините, но кога опозицијата освои поголем дел од општимите овие закони магично се одблокираа, вели Каевски.

Каевски најавува дека сите закони кои се важни за граѓаните ќе бидат ставени на дневен ред на комисиите. Досега пратениците од власта побарале од опозициските пратеници да поднесат амандмани и да се дебатира за нивните забелешки, но, вели Каевски, без резултат.

-Ние се наоѓаме во една тешка ситуација, кога решаваме кризи и проблемот со Бугарија, па дома би требало да имаме помирна атмосфера. Затоа велиме дека нема да се движиме според уцените на опозицијата, сега не е време за избори и избори ќе се одржат на време, вели Каевски и додава дека анкетите што ги вади опозицијата а според кои граѓаните сакаат нови, предвремени избори се фингирани.

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

7 − two =