Каде се парите за женските права – разговор со Елена Димушевска од Глас против насилство

You must need to login..!

Опис

Промовиран е извештајот за финансирањето на организациите за женски права во осум држави од Западен Балкан и резултатите се загрижувачки смета Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство – Глас против насилство.

„Во Македонија беа интервјуирани 36 женски организации, тоа се повеќе од 90 отсто од организациите што работат во областа на женските права и седум донатори. Одговорот што го добивме е навистина загрижувачки затоа што она што недостасува дури и во донаторските организации е следење колку од средствата што ги доделуваат се конкретно за женски организации за прашања поврзани со родовата еднаквост и родово базираното насилство. Она што го добивме како одговор од граѓанските организации е дека 9 отсто од вкупните средства со коишто располагаат женските организации се доделени од владата. Странските донатори доаѓаат и си одат и ова не е нешто на кое може да се потпреме кога станува збор за одржливоста на женското движење.

Ова е и причина што во последните години се затвораат некои женски организации, а тие се први кои ги покренуваат прашањата, тие се први кои отвораат СОС линии, шелтер центри, советувалишта за жртви, први се застапуваат родовото базираното насилство да влезе во законите за да можат кривично да се гонат сторителите, а жртвите да добијат соодветна заштита. И ова владата не смее да го заборави“, вели Димушевска за Утрински брифинг. Таа кажа дека за време на каратинот поради пандемијата со Ковид-19 во месеците март април и мај немало зголемено пријавување на родово базирано насилство и семејно насилство заради тоа што центрите за помош ги затворија своите броеви и не работеа и недовербата на жртвите во институциите.

„Прашањето е шт потоа? Што ако пријавам и не ја добијам соодветната заштита и ако ме вратат дома со сторителот во карантински викенд? Недовербата во институциите и нефункционалноста на системот да ги заштити жените жртви на насилство придонесе за тоа да нема зголемен број на пријавени случаи, единствено во Македонија за разлика од другите држави“, додава Димушевска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty − 7 =