И тоа го видовме: Зима во пролет – Славчо со деталите

image

You must need to login..!

Опис

До крајот на денов, нашата територија ќе се наоѓа под влијание на многу постуден воздух кој се спушта од североисточните предели од континентот (Русија). Времето ќе биде претежно облачно, особено во источните предели ќе има повремени врнежи претежно од снег.

Се очекува формирање и на снежна покривка, како на повисоките места и на планините, така и на некои пониски места. Ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималните дневни температури ќе бидат невообичаено ниски и под просекот, истите ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 8 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно и студено а ќе има услови и за провејување на снег, ќе дува и северен ветер кој повремено ќе засилува.

Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 4 степени. Повремени локални врнежи претежно од снег ќе има и утре, повеќе врнежи ќе има во источните предели а на некои од пониските места ќе има услови и за врнежи од дожд и снег.

За време на овој бран во источните предели се очекува формирање на снежна покривка од 20 до 30 сантиметри, во останатите предели понекаде ќе се формира снежна покривка од 1 до 5 сантиметри, на повисоките места и на планините поголема. Потоа во поголемиот дел од оваа недела ќе имаме променливо време. Од среда ќе има и повремени врнежи кој ќе бидат од дожд на ниските места и тоа поради порастот на температурите на воздухот, на планините врнежите ќе бидат од снег. Повремено врнежите ќе бидат поинтензивни.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

six + eleven =