Ковачевски: Се обезбедува јаглен за наредните шест месеци

You must need to login..!

Опис

И официјално затворен повикот за понуди на јаглен за потребите на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј.

Во рамките на рокот девет компании изразиле подготвеност да испорачаат 900 илјади тони јаглен.

Две од нив се од земјава, а останатите се компании од Косово, Албанија, Босна и Херцеговина и од Турција.

Во наредните неколку дена ќе се разгледуваат понудите, а во понеделник ќе биде избрана најповолната понуда за ТЕЦ Осломеј.

На оваа тема во Утрински брифинг разговараме со генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

-Добивме понуди за јаглен од девет компании, периодов ќе правиме евалуација на пристигнатите документи… Со овие количини се обезбедува непречено функционирање во наредните 6 месеци… Електричната енергија од третиот блок на РЕК Битола ќе се користи за стопанството, вели за УБ Генералниот Директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.

Разговорот погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

three × five =