Иџе во Утрински брифинг: Државата да направи стратегија и да им помогне на автомобилистите

You must need to login..!

Опис

Викендов се возеше последната трка од италијанскиот шампионат на туринг-туристички автомобили. Таму се најдобрите светски автомобилисти. Тоа е натпревар на едно високо ниво, бидејќи тимовите се фабрички на производители на автомобили . Така што борбата што ја водиме на тркачките патеки е борба со автомобилската индустрија, односно со најдобрите и ме радува што правиме врвни резултати, изјави во Утрински брифинг Игор Стефановски – Иџе.

Конкуренцијата си го прави своето. На последната трка беше минатогодишниот европски шампион. Тоа се платени возачи, со многу спонзори, техника, инженери, но јас со мојот тим успешно им парираме.

Нашите планови беа да учествуваме на два шампиони – НАСКАР и ТЦР Европскиот шампионат. Но ситуацијата со Ковид-19 е стварно проблематична, па се насочивме кон италијанскиот шпампионат. Италија е комплетно под блокада. Не смееме да излегуваме од патеката, Сите се со маски, без групирања и е една тешка напната ситуација. И сметам дека е изваден максимумот. Останува да се надеваме дека во 2021 ќе возиме пред публика и се ова ќе биде ставено под контрола, вели Иџе.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

3 × 4 =