🎥📞 ИТ фриленсерите од Македонија се барани во светот – Ангел Арнаудов

You must need to login..!

Опис

Државата е во рецесија, и претпоставките се дека ИТ инженерите имаат највеќе работа во моментов.

-На почетокот имаше некои најави дека ќе се намалува работата, но нашата индустрија не прертпе некоја голема криза. Сега пак бидејќи сите економии повторно се отвараат обемот на работа се зголемува.

-Тимот со кој што соработивам се состои од 4-5 луѓе, што е сосема доволно. Со мал и ефективен тим, доволен е и овој број. Има доволно пари и за секојдневен живот. Со специјализацијата со текот на работата ние се специјализираме за посебни делови. Затоа заминувањето преку барата не е опција во овој момент. Два пати годишно одење во САД или Англија е сосема доволно. Проетите со текот на времето сами доаѓаат. Јас во фриленсингот сум некаде од 2010 година. Претходно на запад работев во канцеларија. Сега имам доста конекции во западниот свет и проекти има. Можам слободено да кажам дека дури и во овој момент со Коронавирусот има доволно работа.

Околу отворањето на границите и бизнисите Арнаудов вели дека гевгелискиот регион во голема мера зависи од Грците.

-Голем број од бизнисите зависат од нашите јужни соседи.

Дигитализација на општеството и нашата подговотвеност

Компаниите кои и пред Коронавирусот даваа и опции за работа од дома не претрпија некои штети, бидејќи веќе беа подготвени за разлика од оние кои што транзитираа канцеларија-дома пртрпеа штети. Со КОВИД-19 и во нашето општество доста организации преземаа чекор за работа од дома. Сметам дека сега сме на добар пат при евентуален нов бран на вирусот, успешно да работиме, изјави Ангел Арнаудов. ИТ инженер и маратонец.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty + 8 =