Исмаил: По двегодишна пауза започна со работа Планетариумот во МКЦ

You must need to login..!

Опис

По две години пауза почна со работа планетариумот во Младинскиот културен центар.

Во него сите заинтересирани повторно ќе имаат можност да учат за планетите, ѕвездите, за се околу нас. Програмата предвидува содржините на предавањата да бидат прилагодени според возраста на групата која доаѓа во посета на планетариумот.

На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со Соња Исмаил програмски уредник при Младинскиот културен центар.

-По две години пауза заради пандемијата одлучивме да го отвориме Планетариумот. Откако е изграден во него нема систем за вентилација. Се обидивме од повеќе институции да добиеме средства како би го санирале овој проблем.

-Ќе има значително помал број на посетители и да се врати во функција една од најпосакуваните точки во МКЦ.

-МКЦ за потребите на Планетариумот има инзвонредни предавачи – Моника Пешевска и Радан Митровиќ.

-Откако обајвивме дека се отовра Планетариумот, има навала од заинтересирани, две предавања веќе се целосно распродадени. Планираме секоја недела да организираме предавања. Ќе има детерминирани термини. Едни за дечиња од помала возраст, па се до повозрасни.

-Програмата наназад 40 години секогаш била адаптирана во зависност од аудиториумот. Се разговара на различни теми, комети, сончев систем, ѕвезди…

Целиот разговор погледнете го во видеото

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

2 × 3 =