🎥 Исмаил: Несомнено е дека Заев ќе формира влада – Богојески: Сега на Македонија и е потребно големо опозиционо организирање

You must need to login..!

Опис

Јасно е дека СДСМ продолжува понатака со свесно платена скапа цена за тоа што мораше да го прави минатите години за санација на земјата. ДУИ доби уште една шанса да продолжи во реформирање на партијата. Имаме една крупна опозииона формација во албанскиот блок која и тоа како ќе биде гласна. Таа формација може да изгледа како флуидна и предизборна, но како и да е комоцијата со која ДУИ владееше сега ќе ја нема, изјави во Утрински брифинг политичкиот аналитичар Ѓунер Исмаил и додаде дека несомнено е дека Заев ќе ја составува владата, без условот на ДУИ -Албанец премиер.

-Оваа земја пред две три години беше заробена држава, упропастена администрација и една морална дегенарација на општеството. Во таква ситуација овие лево-десни или десно-леви политички ориентации најубаво пливаат. Фигурата или фигурите кои во името на Левица ќе бидат фронтмени ќе биде доказ дека ние се уште сме една балканска држава.

Според Петар Богојески лидер на Македонски концепт, резултатот на оваа политичка групација е во неважечките ливчиња.

-Вчера поднесовме приговор до ДИК и увид во сите неважечки ливчиња за да утврдиме колку од нашите гласови се претворени во неважечки ливчиња. Сето тоа е плод на заедничкиот труд на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Без разлика дали на нас ни беа претворени 3.000 или 6.000 гласови ни се претворени во неважечки факт е дека таа факторизација или бран на желба на граѓаните да направат избор помеѓу нормалното и ненормалното не помина на наше конто, туку на конто на Левица, што зборува за проблем кај дел од популацијата, односно со менталното здравје, изјави Богојески.

-Но ако политичката сцена е гладна за политички кловнови тогаш во ред. Но тоа не значи дека сите треба да станеме кловнови. Макеоднски концепт е бессмртна идеја. Сега на Македонија и е потребно големо опозиционо организирање. Сите оние работи кои ги зборувавме во врска со контролата на власта врз опозицијата се покажа како вистинито. Конечно треба да се освестат членовите на ВМРО-ДПМНЕ и ќе повторам – потребно е силно опозиционо органиозирање во земјава. Јас сум песимист дека ВМРО-ДПМНЕ во себе содржи грам за било какво реформирање. Тоа е приватна компанија на едно лице со двајца советници, изјави Богојески кој додаде дека на идната влада и потребна сериозна опозициона кредибилна критика за да има контрола врз идните процеси.

-Врхушката на ВМРО-ДПМНЕ ѓивее во абнормален свет. 100 пати повторив дека реформирањето требаше да заврши, изјави Богојески.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

13 − twelve =