Искра Михајловска: Архитектите се должни да помогнат да се избегнат итарпејовските манипулации при градењето и заштитата на објектите

You must need to login..!

Опис

При градењето на нови објекти треба постојано да се почитуваат правилата, минатото и историјата смета Искра Михајловска претседателка на Собранието на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ). Асоцијација и Министерството за култура потпишаа Меморандум за соработка предвидува соработка во планирањето проекти и активности поврзани со архитектурата во областа на заштитата на недвижното културно наследство.

„Сите, почнувајќи од нас архитектите треба да сетрудиме да го задржиме етичкиот однос и нормално законите што ја регулираат заштитата на културното наследство, но кај нас е познат оној итарпејовски начин на надмудрување на законите. Ние како струка архитекти сме должни да ги информираме инвеститорите, да им помогнеме на институциите да се справат со сите овие манипулации. Министерството за култура ни се обрати за стручно мислење и помош околу процедурата за рушењето во Охрид, односно повторно оној итарпејовски начин. Започнувањето на градба не значи само да однесете писмо во општина, тоа значи оградување на локации, сообраќајна согласност, одобрение за струја од ЕВН итн.

Министерството иницираше идеја да направиме меморандум според кој постојано ќе соработуваме за прашања од недвижното наследство. Ние како стуково здружение секогаш им помагаме и на институциите, па и на приватни фирми, но ете Министертвото ја препозна таа потреба. Во Меморандумот се предвидува соработка во планирање и реализација на заеднички проекти, давање на стручни мислења поврзани со архитектурата и заштитата на културното недвижно наследство. Во комисијата на Министерството ќе членува претставничка на Асоцијацијата, колешката Емилија Апостолова Чаловска бидејќи нејзина стручност е точно заштитата на недвижното културно наследство“, вели за Утрински брифинг Искра Михајловска, претседателка на Собранието на ААМ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 − three =